Македонија

Протести против поскапувањето на електричната енергија низ целата држава

Утре (04.09) во повеќе градови низ земјава ќе се одржат социјални протести против поскапувањето на електричната енергија, итоа во Кичево, Тетово, Гостивар, Битола и Скопје. Во продолжение ги споделуваме најавите за протестите, со информации за збирно место по градови и време на одржување.

Кичево – 19 часот од градскиот плоштад

Тетово – 19 часот од градскиот плоштад

Битола – 18 часот од фонтаната кај музејот

Скопје – 19 часот пред Влада

Гостивар – 14 часот пред Домот на култура

Протестен марш во Битола 21.08.2020
Фото: Весна Ристовска

Барањата на протестирачите:

1) РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ВЕДНАШ ДА ЈА ПОНИШТИ ОДЛУКАТА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ОД 7,4% И ПОТОА ДА ЈА НАМАЛИ ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ЗА 46%.

2) ВЛАДАТА ДА ГО НАМАЛИ ДДВ-то ЗА ЕНЕРГИЈА ОД 18% НА 5%. ВЛАДАТА ДА ГО РАСКИНЕ МОНОПОЛОТ НА ПРИВАТНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЕВН СО РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ВЛАДАТА И ЕВН ЗА ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА НИВНОТО НЕПРАВЕДНО И НЕХУМАНО ОДНЕСУВАЊЕ КОН ГРАЃАНИТЕ НА РСМ КАКО И НАЦИОНАЛИЗИРАЊЕ НА ПРИВАТНИТЕ ДИСТРИБУТИВНИ МРЕЖИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, И КРЕИРАЊЕ НА ПОПОГОДНИ ПОЛИТИКИ СО КОИ БИ ИМ СЕ ПРОСТИЛЕ ДОЛГОВИТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАЕВИ КОН ЕНЕРГЕТСКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЗЕМЈАТА.

3) СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА ЈА УКИНЕ РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ЗАТОА ШТО ОВОЈ ОРГАН ИМ СЛУЖИ НА ГОЛЕМИТЕ АПЕТИТИ НА БИЗНИС ГРУПИТЕ КОИ ИМ ШТЕТАТ СЕРИОЗНО НА ЏЕБОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА НАШАТА ЗЕМЈА

4) СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА ФОРМИРА ЕДНО НЕЗАВИСНО ТЕЛО КОЕ ЌЕ ИМА ЗА МИСИЈА ДА ГИ ВЕРИФИКУВА УСЛУГИТЕ НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ КОМПАНИИ КОН ГРАЃАНИТЕ, ДА ГИ ИСТРАЖУВА И РАЗГЛЕДА СИТЕ ЖАЛБИ И ПОПЛАКИ НА ГРАЃАНИТЕ КОН ОВИЕ КОМПАНИИ И СЛИЧНИ РЕКЕТАШКИ КОРПОРАЦИИ. ДА ИМ СЕ ПРОСТАТ КАМАТИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ КОН ОВИЕ КОМПАНИИ, ДА ГИ БРАНИ ПОТРОШУВАЧИТЕ ОД КАМАТНИТЕ ШЕМИ КОИ ИМ СЕ ТОВАРАТ НА ГРАЃАНИТЕ И ДРУГИ.
Прочитајте и...  Десетгодишно девојче пронајдено удавено во Мала Река

Најпопуларно


To Top