Здравје

Прва помош при опасност на плажа: Ежови, медузи, морски пајаци…

Додека нетрпеливо ги одбројувате деновите до вашиот одмор, погледнете кои мерки мора да ги преземете за да се заштитите на плажа.

prva pomos pri opasnost na paza ezovi meduszi pajaci 1

За да не ви се претвори летувањето во кошмар, бидете секогаш подготвени да им се спротивставите на едни од најчестите опасни ситуации.

Дознајте кои се тие и каква превентива да употребите:

Контакт со медуза

После контактот со медузите, на вашата кожа се појавува алергиска реакција од супстанцата која се наоѓа во нивните пипки. Изгореницата која подоцна се појавува не е опасна, но доколку таа е поголема од раширената дланка меѓу прстите или пак се појават големи меури, веднаш посетете го најблискиот доктор. Како прва помош при овој контакт, може да ви помогнат морската вода, лимонот, оцет или урина.

Убоди од морски еж

Згазнувањето на еж може навистина да ви го упропасти денот, а и додека не ги отстраните боцките ќе имате проблем при одењето. Доколку се неколку боцки можете да ги отстраните со помош на дезинфицирана игла, пинцета и алкохол.

Прочитајте и...  Стар домашен лек против артритис, болки во грбот и нозете

Постапката на отстранување на боцките е иста како кај вадењето трн од кожата. Но, внимавајте доколку станува збор за повеќе боцки или подлабоки подобро би било да посетите доктор.

prva pomos pri opasnost na paza ezovi meduszi pajaci 2

Што после убод од морски пајак?

Морскиот пајак е вид на риба која најчесто се наоѓа на песок, а на нејзиниот грб има отровни боцки и може да дојде до незгода доколку згазнете на неа. Овој отров е чувствителен на температурата, затоа е најдобро доколку ви се случи вакво нешто веднаш да го поминете тој дел од телото со врела вода.

Како добра прва помош при оваа незгода е и урината директно на убодот. Веднаш по направената превентива јавете се во најблиската амбулантна станица бидејќи може да ви се појават грчеви или да се онесвестите, а тоа посебно важи за малите деца и старите луѓе.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top