Балкан

Прваче со аутизам првиот училишен ден го помина во солзи: Таткото разочаран

Хрвоје Козмус, татко на момче со посебни потреби кое е прво одделение во основното училиште Богослав Шулек во Славонски Брод, објави фотографија од својот си на Фејсбук, на која седи и плаче.

Бидејќи момчето е со посебни потреби, требало да добие помошник во наставата. Но, тоа не се случило, бидејќи според зборовите на таткото помошникот бил на обука. Козмус навел дека наведениот помошник работи со три деца.

„Училиште на иднината. Мојот син со посебни потреби (од спекарот аутизам) седи пред училиштето и го чека помошникот за настава. Помошникот го нема. Никој ништо не сакаше да ни каже, иако бевме во училиштето. Денес дознавме дека нема помошник, бидејќи тој бил на обука. Еден помошник на три деца. Навистина „прекрасно“. Ви благодарам за „прекрасниот прв училишен ден“ – напиша во објавата изреволтираниот татко.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3097697516937022&set=a.478458862194247&type=3
Прочитајте и...  Таткото на берберот: Јас да се прашувам синот треба да го обесат
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top