Галерија

Првата традиционална викиншка свадба по 1000 години

Иако постојат многу нови чудни свадбени церемонии, некои луѓе одлучуваат да навлезат подлабоко во традицијата.

Една норвешка двојка ја префрла традиционалната венчавка на сосема ново ниво во моментот кога одлучиле своите заклетви да ги кажат на автентична викиншка свадбена церемонија, надополнета со бродови, пагански свештеник, па дури и крвава жртва.

Елизабет и Ран Далсет ја замениле христијанската венчавка со свадбена церемонија која што се одржувала пред илјада години. Свадбената кола ја замениле со два бродови и одлучиле да се венчаат на брегот на Норвешкото Езеро, облечени во традиционална, викиншка, свадбена облека.

Rune, Elisabeth and baby Ragnor (Collect/PA Real Life)

Традиционално, свадбената церемонија се одвивала по правилата на Викинзите, свинска крв во метална чинија, поставена на куп камења, потоа посипана на малечки фигури кои што ги претставуаат боговите и најпосле отпечаток од крв на челото на младенците.
Во вистински викиншки стил, младенците својата свадба ја прославиле вечерта, со 130 гости, сите облечени во викиншки костуми, пиејќи пиво и танцувајќи на традиционални норвешки песни. 27-годишната Елизабет изјавила: „ Танцувавме на музика на која што нашите предци танцувале пред илјада години“.

Прочитајте и...  40 илустрации кои ја прикажуваат темната страна на нашето општество

Елизабет и Ран (36) се дел од бројното движење на Норвешки Викинзи, кое брои околу 6000 членови, па дури и нивното бебе го именувале по викиншката легенда Рагнар Лотбрук. Ран рекол: „Во тоа време кога Викинзите живееле, немало пострашен народ од нив“. Парот се запознал во 2016 кога паганизмот и Викинзите и биле непознати на Елизабет. Ран кој веќе тогаш две години бил паган ја вовел во неговиот свет на Викинзите. Таа рекла: „Ран ми отвори сосема нов свет кој досега ми беше непознат, а јас го прифатив со љубов кон сите луѓе и нивната духовна посветеност кон тој нов свет“. Една година подоцна Ран ја запросил Елизабет и од тогаш почнала да се планира првата паганска венчавка по падот на Викинзите пред 1000 години, во која учествувале сите пријатели од викиншкото движење.
Елизабет и Ран- двајцата потекнуваат од христијански семејства на кои што на почетокот им било тешко да прифатат дека нивните деца ќе изведат паганска церемонија, но на крајот сето тоа излегло добро и уникатно.

Прочитајте и...  Домашен рецепт за крофни кои лесно се прават

Најпопуларно


To Top