67404087 126443601958504 3298544461105070080 n

Медиумите во Холандија ги објавија првите фотографии од 25-годишно момче, кое заедно со семејството поминале девет години во подрум, чекајќи го крајот на светот.

67404087 126443601958504 3298544461105070080 n

Според локалната полиција, во изминатите девет години, Јан Зон ван Дорстен живеел во скривница, подрум во куќа во Руинерволд, 90 километри северно од Амстердам, сè додека не се појавил во бар во неделата, нарачал пет пива и рекол дека не може да се врати дома.

Наскоро сопственикот на барот ја повикал полицијата која отишла во оддалечената област каде се наоѓала неговата куќа. Тие во подрумот ги нашле четворица: сестрите на Јан, меѓу 18 и 25 години, неговиот татко и уште едно машко. Семејството било однесено на безбедно место додека австриецот Јозеф Б (58) е задржан во притвор, пренесува Дејли Меил.

Инспекторите признале дека сè уште немаат одговори на клучни прашања околу случајот – како на пример дали членовите на семејството останувале во подрумот против нивната волја и каква била точно нивната врска со Јозеф Б.

Image may contain: 1 person

Мистеријата се надополнува со фактот дека Јан, најстариот син, има пристап до социјалните мрежи и е активен на Фејсбук од јуни годинава. Неговиот профил покажува редовни натписи до 2010 година, кога тој објавил дека се преселил во Руинерволд, селото во кое се наоѓа куќата.

Прочитајте и...  Индијка е во брак со петмина браќа: Со сите има секс и не знае кој е татко на детето

Потоа, тој не напишал ништо до јуни годинава, кога одеднаш се реактивирал и напишал дека работи како директор на онлајн продавницата во Креконат, лоцирана во Мепел, село на околу 6 километри оддалечено од Руинерволд.

Во саботата тој објави три фотографии од обележја околу Руинерволд, кои се направени во темница. Инспекторите веруваат дека тој тоа ги снимил додека одел кон барот.

Ruinerwold

Gepostet von Jan Zon van Dorsten am Samstag, 12. Oktober 2019

Извор: вечер.мк

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за