Психологија

Психологот Дунар: Жени, дружете се за да бидете поздрави!

Доколку не се гледате често со пријателките, ќе го промените мислењето кога ќе ги прочитате резултатите на новото истражување кое покажува како дружењето влијае врз здравјето на жените.

Робин Дунар, психолог и автор на истражувањето, открива дека општата здравствена состојба на жените е многу подобро кога се дружат со пријателките барем два пати неделно и притоа пијат пиво или озборуваат.

Дунар тврди дека таквите работи ги поттикнуваат жените на социјализација, дружење уз пијалак и смеење и дека тоа има бројни здравствени предности како што се: брз опоравак од болест, јак имунолошки систем, намалување на анексиозност меѓу другото.

Научниците во ова истражување дошле до податоци дека само две од пет жени неделно излегуваат со пријателките на вечера, а многу поретко кога имаат семејство.

Уште се покажало дека најдобар начин за комуницирање на жените им е шегувањето, смеењето и кажувањето смешни ситуации, но исто толку е важно и колку пријателки се наоѓаат во групата. Докажано е дека има помалку смеа во помали групи и секако повеќе во поголеми групи, па се препорачува жените да се состануваат со најмногу три другарки.

Прочитајте и...  Основни правила за убавина после четириесетата година: Време е да си посветите внимание какво заслужувате!

„Жените треба да ги одржуваат пријателските врски повеќе од мажите. Тоа го повишува нивото на серотонин и окситоцин“- смета психологот Алиса Руби Бап, а нејзината теза ја потврдува и новото истражување.

„Одржувањето на тие врски станува се поважно со стареењето. Стануваме позафатени, имаме се поголеми одговорности, а пријателите ни се потребни за да не бидеме осамени“- додава Баш.

Најпопуларно

To Top