Занимливости

Пуст остров нуди плата од 25.000 евра за чување редок вид овци

За сите на кои им здодеа модерната технологија и современите монотони работи, еден пуст остров нуди нешто единствено.

orkni ovca aps 512347428

Шкотскиот остров Северен Роналдсеј бара заинтересирани овчари, кои ќе бидат чесно платени за да чуваат редок вид шкотски овци – оркни.

Островот бара искусни овчари, пренесува „Метро“, кој ќе пази овците да останат во чопор, да јадат само планирана храна која можат да ја сварат, да бидат на безбедни локации и оддалечени од сите гребени кои се наоѓаат во околината.

Овчарите ќе бидат задолжени и да го пазат ѕидот кој го раздвојува природното живеалиште на овците од нивите на кои се одгледува храна за цел остров. А бидејќи ѕидот е стар, овчарот ќе биде задолжен и да го поправи.

Се работи 35 часа неделно, за што работодавецот плаќа 24,473 евра.

Прочитајте и...  Ставете ракија на вашата коса, ќе се изненадите од резултатите

При прифаќањето на работата, идниот вработен ќе мора да остане три години во работен однос за ѕидот во потполност да биде поправен, а бројот на овци да се зголеми.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top