Забава

Работи кои луѓето не ги знаат за наставниците

Луѓето имаат многу различно мислење за професијата на наставниците и не знаат многу работи за нив.

Па, знаејќи колку самите тие напорно работат, колку сериозно ја сфаќаат улогата на наставик и колку се грижат за своите ученици, навистина им пречи кога ќе слушнат како луѓето сами си осудуваат некои невистини за нив.

Затоа, најдобро е сите да знаат неколку клучни работи за наставниците, за во иднина да нема недоразбирања и секој да ја почитува нивната професија.

Веројатно овие неколку работи ќе ви го сменат размислувањето:

Летниот распуст не е 3-месечен одмор

Ако сакате да разбесните некој наставник, кажете дека му љубоморите на 3-месечниот одмор во лето.

Иако многумина мислат дека кога децата ќе се „распуштат“ од училиште, тогаш почнува и одморот на наставниците кој трае до септември, тоа не е вистина.

Точно е дека одморот им трае подолго од другите професии, но има одреден период во летото, кога тие сепак одат на работа и завршуваат потребни обврски, па затоа, не судете без да се запознаете со условите на работата.

Прочитајте и...  Долна облека која ги неутрализира гасовите

Нивната работа продолжува и по завршувањето на часовите

Доколку мислите дека работниот ден на наставниците им завршува по 5-иот, 6-иот или 7-иот час на вашето дете, се лажете.

По регуларните часови, тие понекогаш држат дополнителна настава, или пак, остануваат на состаноци или наставнички совети.

Да не ги заборавиме средбите со родителите во отворените денови, или пак родителските средби.

Секако, тука се и долгите подготовки за часовите од дома, како и правењето тестови кое одзема многу време, а уште повеќе од тоа, одзема прегледувањето на истите.

Тие се постојано под голем притисок

Можеби мислите дека нивната работа е релаксирана, бидејќи немаат посебни обврски, но тие се соочуваат со големи притисоци.

Тие работат напорно за да се подготват за часовите, мора сè да биде испланирано и на најдобар начин да им ги доближат лекциите на учениците.

Секако дека не сакаат да ги разочараат и постојано се обидуваат да најдат некој интересен начин за да ги заинтересираат учениците за нивниот предмет.

Прочитајте и...  Џерет Небула- вонземјанин без определен пол

А, не е лесен ниту делот на оценување, кога треба да бидат реални, но сепак, да не разочараат никого, па тука се и долгите објаснувања и држење животни лекции.

Да не заборавиме и на одговорноста која ја имаат да ги чуваат децата безбедни и да бидат нивни втори родители.

Тие се под притисок на евалуација

Наставниците исто така подлежат на евалуација на нивната работа, како и на сите административни обврски кои сега ги имаат.

Редовните инспекции и контроли претставуваат голем притисок, па треба постојано да се подготвени за да се покажат во вистинско светло или за нешто да не тргне на лошо токму во тој момент.

Ги подготвуваат учениците да се справат со светот, не само со предметите

Не е шега кога ќе се каже дека наставниците имаат повеќе од една работа и улога во училницата.

Покрај тоа што се едукатори, тие се и воспитувачи, менаџери, ментори, советувачи, забаввачи и уште многу други работи за да бидат најдобри за своите ученици.

Прочитајте и...  Погледнете како изгледа ќерката на Мерилин Монро и Џон Кенеди која е проценета на вртоглави 100 милиони долари

Ако не се 100% посветени на својата работа, развојот на учениците може да биде жртвуван, па затоа тие се обидуваат да ја завршат успешно секоја нивна задача и да ги подготват учениците за многу повеќе животни предизвици отколку за еден предмет.

Посебно, класните раководители имаат голема улога во ова и тие се нивните водилки низ годините на образование.

Го сакаат тоа што го прават и учениците за кои го прават

Тие ја одбрале оваа професија заради пасијата кон едукацијата, но и заради љубовта и желбата да се помогне на идните генерации.

Тие ги сакаат своите ученици и даваат сè од себе за да ги претворат во интелигентни, зрели, паметни, образовани, комуникативни, културни возрасни луѓе кои еден ден ќе успеат.

Живеат за моментот да ги видат нивните ученици како успешни возрасни индивидуи, кои еден ден ќе ги посетат и ќе им се заблагодарат за сè што направиле за нив нивните наставници.


Најпопуларно


To Top