Веста за депортацијата на Рада Манојловиќ од Швајцарија во Србија одекна како бомба во медиумите, а во неодамнешно интервју, пејачката откри до сега непознати детали за оваа драма, за која досега молчеше.

Рада Манојловиќ детално објасни што точно се случило во Швајцарија кога била задржана нешто повеќе од еден час и половина на аеродромот во Цирих за проверки и депортирана во Белград.

– Во еден момент, тој ми го зграпчи телефонот. Како може да го стори тоа?! Заради таквата постапка јас го удрив по раката. Додека пак во себе си помислив да ми фали уште овој баксуз од човек да ме тужи за напад на службено лице, вели таа и додаде:  

rada

 Ми викаше, имам и сведок за тоа. Му реков дека морам да се јавам кај мојот адвокат, на што тој ми рече: „Вие не можете да повикате адвокат!“. Каде го има тоа? Па, ако убиете човек, ти ги читаат правата, односно не мора да зборувате и да потпишувате ништо се додека не дојде вашиот адвокат.

Прочитајте и...  Бебе од 12 дена престана да дише: Автомобилот на мајката го запре полицаец кој во последен момент му го спаси животот

– Каде тоа немате право да повикате адвокат? Особено кој го имам и кој има полномошно – додаде Манојловиќ, а потоа заклучи дека швајцарскиот службеник билкрајно непријатен со неа.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за