Ракот на дојка во 99 случаи ги погодува жените, но откако истата дијагноза ја има и таткото на Бијонсе, се чини дека светот полека се освести дека ниту мажите не се поштедени од ова заболување.

Овој вид на рак е исклучително редок кај мажите, но не и целосно исклучен. Метју Ноулс првпат се посомневал дека можеби е болен кога на облеката забележувал траги од крв токму во делот на градите. Кога отишол на лекар, дијагнозата била потврдена.

Тој својата болест ја откри на почетокот на октомври, кој е и познат како месец на борбата против ракот на дојката. Постојат четири симптоми кои се типични токму за „машкиот“ тип на овој рак, кои кај жените се ретки или пак, воопшто ги немаат:

Јазли во дојката

Грутките кај мажите се полесно видливи отколку кај жените, па затоа е и можно навремено рано дијагностицирање. Тие може да се појават и кај пазувите, а алармантно е ако од нив истекува крвава содржина. Други симптоми се вовлечена брадавица или осип кој чеша и иритира.

Прочитајте и...  Занемарувачки знаци кои што укажуваат на сериозна болест

Семеен фактор

Ако имате роднини носители на мутациите BRCA1 и BRCA2, дури и ако сте маж, веќе сте изложени на зголемен ризик од ова заболување.

Телесна тежина

Ако забележите нагла промена во телесната тежина, особено во делот на колковите и стомакот, што не е типична за вас, можно е нивото на естроген во организмот да е покачено. Покачениот естроген е јасен симптом дека нешто се случува во вашето тело. Колку е повисоко нивото, толку се поголеми шансите за размножување на канцерогените клетки.

„Машки гради“

Високото ниво на естроген предизвикува растење на градите. Овој симптом е предупредувачки, па морате задолжително да се прегледате.

Лечењето е слично како кај жените, со операција, а потоа и со терапија. Ризикот е поголем бидејќи мажите немаат гради и лесно може ракот да се прошири, затоа што нема доволно ткива за да ги „напаѓа“.

Затоа, господа, не ги игнорирајте симптомите и не мислете дека не се наоѓате во ризичната група. Следете го своето здравје подеднакво одговорно како што тоа го прават вашите мајка, сестра, сопруга, девојка…

Прочитајте и...  Чудотворната тревка на Св. Архангел Михаил која го лечи целиот организам
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за