Македонија

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ: Нови 22 случаи во Македонија, вкупно 136 – починати две лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (81) – од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје
– Дебар (40) – од кои 1 починат
– Штип (7)
– Куманово (3) – од кои 1 починат
– Кавадарци (2)
– Охрид (2) – од кои 1 лице е од Скопје а е во иозлација во Охрид
– Гостивар (1).

Mаж на 63 годишна возраст од Дебар, е вториот смртен случај од коронавирус во Македонија. Претходно од Министерството информираа дека кај него синоќа дошло до нагло влошување на состојбата.

Прочитајте и...  Менталното здравје кај децата за време на пандемијата: Родители, следете ги овие знаци!

-Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет, соопштија од Министерството за здравство.

Најпопуларно


To Top