Македонија

Расте бројот на заразени: Во Македонија 35 лица имаат коронавирус, уште 30 се на испитување

Денес до 12 часот вкупната бројка на заболени со коронавирус е 35, информира министерот за здравство Венко Филипче.

-Сите новодијагностицирани се со лесна клиничка слика, стабилна е ситуацијата со сите пациенти на клиниката за инфективни болести, на пациентите во Дебар, стабилна е состојбата и на пациентката која е на респираторна машина. Во моментов се прават анализи на уште 30 лица-едно од Куманово, две од Скопје и останатите од Дебар и околината, информира Филипче.

Овие лица немаат симптоми, но е можно да биле во контакт со заболените.

-Во авионот кој слета од Брисел се постави индикација за тестирање на 12 лица согласно податоците кои тие ги дадоа. Сите тестови се негативни и сите патници се пуштени дома во задолжителна самоизолација. Десет лица кои вчера пристигнаа од Деве Баир се во Пепелиште и во текот на вечерта и сега се прегледани од епидемиолог и согласно одлуката тие ќе бидат префрлени во Заводот во Демир Капија, истакна Филипче.

Прочитајте и...  Се вратиле со авион од Германија, па ја игнорирале изолацијата- за двајца Македонци следува вртоглава парична казна!

Најпопуларно

To Top