Интервју

Разговор со Елена Мазниковска- тинејџ мајка на две мали девојчиња

Денес разговараме со Елена Мазниковска, за Вас можеби попозната како инстаграм блогерката mother.of.two.daughters.
Елена секојдневно ги споделува нејзините искуства со мајчинството, предизвиците со кои се соочува, и како најбитно преслатките фотографии на нејзините две девојчиња, Лина и Калина.
Елена освен што е мајка со целосно работно време таа паралелно го завршува и своето средно образование во Ресен.

Подолу можете да го прочитате целосниот разговор со Елена, која воодушевено работеше со нас.

1. Какво беше чувството кога дознавте дека сте бремена за прв пат? Дали бевте исплашена знаејќи дека секој ден ќе ви биде ново искушение?

Прочитајте и...  Интервју со поетесата и писателка Марина Мијаковска: Јазикот е моќ да се излезе од ѕидовите на розовото гето и да се искажат одредени женски вистини!

-Не бев исплашена, бев збунета а истовремено и среќна. Знаев дека да бидеш мајка не е лесно, но е најголемиот благослов во животот. За среќа имав и имам огромна поддршка од мојот сопруг околу сѐ.

View this post on Instagram

♥️___/___👩‍👧‍👧 Срцето на мајката чука за нејзините деца ❤️❤️ Најсреќна на свет сум што ги имам нив две.Тие се центарот на мојот свет и воздухот кој секојдневно го дишам.Не можам да кажам дека сум најдобрата и најсовршената мајка на светот,но секогаш ќе се трудам да им го покажам вистинскиот пат,и правецот во кој треба да се движат. Иако често на социјалните мрежи налетуваме на профили на мајка која профилот и дава печат како да живее бајка,како да никогаш не се нервира и не плаче на глас.Но за жал не е така.Мајката е таа која ги менува валканите пелени ,мајката е таа која станува ноќе да го дои бебенцето,мајката е таа која само што ги средила расфрланите играчки детето одново ги растурило, мајката е таа која готви по неколку пати во денот за нејзиното дете да јаде, мајката е таа која бакнува за да помине рачето кое се удрило… Мајката е таа која е и хигиеничар,готвач, чистач, доктор секојдневно по 24 часа.НЕ НЕ НЕ,не се жалам,само потврдувам колку си благословена доколку си вработена кај твоите деца 24/7.Да имаш дете значи целиот живот да си вработена и да ја работиш најубавата и најблагодарната работа на светот, МАЈЧИНСТВОТО 👩‍👧‍👧 . . . . . #лина #калина #мајка #љубов #мајчинство #среќа #благослов #мамаблог #mygirls #babys #instakids #photooftheday #instagramblog #mommyblogger #momlife

A post shared by 🌼Maznikovska Elena 🌼 (@mother.of.two.daughters) on

2 .Што Ве инспирираше да го започнете Вашиот Инстаграм блог и да го споделувате вашето искуство за мајчинството?

Прочитајте и...  Интервју со Оливера Ширгоска, писателка и поетеса - Љубовта е непресушен извор на стихови...

-Ме инспирираше тоа што многу мајки како и јас на почетокот се збунети околу новата ситуација во која се наоѓаат. Пишувајќи на различни теми, и споделувајќи искуствa се надевам дека ќе олеснам некому и баш тоа и ми беше целта. Бидејќи знам како е во одредена ситуација да прочиташ или добиеш искуство и совет од некој кој веќе го поминал тоа. Далеку од тоа дека јас сум стручна на темата мајчинство, едноставно само го споделувам моето искуство.

3. На Вашиот Инстаграм блог го споделувате вашето искуство како девојка која се остварила како мајка во тинејџерските години, кои беа некои од најтешките работи со коисе соочувавте како млада мајка?

-Околу улогата како мајка немав некои баш тешки работи со кои се соочив, но да бидам искрена на почетокот коментарите и осудувањето на околината за мојот избор ми паѓаа тешко. Но со самото раѓање на првата ќерка сфатив дека коментарите на некои небитни луѓе воопшто не ми требаат. Денес знам дека освен среќата на моето семејство ништо не ми е важно. Како што јас не осудувам,така барам и мојот избор да не биде осудуван. Јас го живеам мојот живот како што јас сакам. Секогаш имав поддршка од моите најсакани, родителите, сестрата, роднините… И тоа ми беше доволно.

4. Кои се секојдневните предизвици со кои се соочувате како млада мајка на две мали дечиња, која паралелно со грижењето за нив го завршува и средното образование?

Прочитајте и...  Клучни квалитети кои секој работодавач сака да ги види на интервју за работа

-Дефинитвно најголемиот предизвик е завршувањето на моето образование, но мислам дека добро го совладувам.

5. Што мислите, кои се најчестите грешки на сите млади мајки?

-Не осудувам ништо, сметам дека секој родител го одгледува своето дете на начин за кој смета дека е најдобар за него. Секој родител единствено го сака најдоброто за неговото дете.

View this post on Instagram

🌼🦋 Моите пеперутки 🦋🌼 Во моментов додека го пишувам ова,од друга страна се обидувам да спречам војна😂 Има моменти кога се сакаат,се гушкаат,се бакнуваат и морам да признаам баш ми е полна душата кога ги гледам такви,а пак од друга страна има моменти кога едната не сака да и ја даде играчката на другата,или кога Лина игра со нешто а Калина ќе тргне кон неа автоматски почнува да плаче бидејќи не сака Калина да се приближи зошто знае дека ќе мора да ја дели играта со неа и тогаш настанува војна,Лина обично се брани со туркање и штипкање додека Калина со касање,и секогаш одново повторувам дека не треба така но тоа трае се до наредната кавга.Изгледа хаотично и така е😂 Но за среќа "моментите кога се сакаат" се почести.Делат се една со друга, играат заедно,со еден збор сестри. Морам да признаам и јас некогаш се тепав со сестра ми,и секогаш таа беше крива бидејќи нели јас сум помала🙄 . . . . . . #пепетутки #калина #лина #сестри #љубов #среќа #мама #мамаблог #инстаграмџики #новпост #butterfly #love #mygirls #sistertime #instakids #photooftheday #momlife #mommyblogger #instagramblog #mamablog

A post shared by 🌼Maznikovska Elena 🌼 (@mother.of.two.daughters) on

6. И за крај, што би ги посоветувале девојките кои се одлучуваат на ваков чекор, односно да станат мајки во тинејџерските години?

-Едноставно да не се плашат и да не ги слушаат коментарите и осудувањето на околината, бидејќи тие единствено знаат како сакаат да го живеат животот, и никој нема право да им се меша во нивните одлуки.

За да ги следите сите новости кои се случуваат во животот на Лина и Калина, следете го инстаграм блогот на нивната мама Елена.

Најпопуларно


To Top