Психологија

Различните емоции се чувствуваат во различни делови на телото

Научниците мапирале 100 чувства на деловите од телото каде што се манифестираат.

Мозокот и телото се цврсто поврзани, а за тоа најдобро сведочат чувствата и нивните различни манифестации. Без оглед на тоа колку и да изгледаат слични чувствата, постојат важни разлики што научниците ги категоризираат во мапата на отелотворени чувства.

emocije mapa 218454037

Чувствата се чудна појава ако земеме во обзир дека тие „се случуваат“ во истото тело, а ги чувствуваме во различни делови од истото. На пример, љубов и тага, и двете емоции се случуваат во главата, но се чувствуваат во различни делови од телото. Од друга страна, стравот и возбудата се две различни емоции што ги чувствуваме скоро идентично.

Ова станува сè покомплицирано кога знаеме дека чувствата се субјективни и дека никогаш не можеме да бидеме сигурни дали другите луѓе се чувствуваат на ист начин. Ова е причината зошто финските научници ги мапирале емоциите низ телото според тоа каде тоа ги чувствуваат повеќето луѓе. Резултатите покажале дека повеќето луѓе ги припишуваат истите чувства на истите делови од телото.

Прочитајте и...  Оваа студија покажа дека луѓето покажуваат повеќе емпатија за кучињата отколку за луѓето

Невро-научникот Лаури Нуменма од Универзитетот во Турку и тим од тројца други фински научници работат на мапирање на емоциите од 2014 година кога објавија помала мапа, со илустрирани 14 емоции. Во една нова студија, тие беа во можност да мапираат 100 различни емоции, класифицирани во 6 категории: Спознавање (како размислување и разбирање), сензација и перцепција (како што е видот и слухот), хомеостатските услови (состојби на телото како што се глад и жед) , физиолошки процеси (спиење и дишење), чувства поврзани со болести (кашлање и треска) и психијатриски нарушувања (на пр. депресија и вознемиреност).

Повеќе од 1000 учесници биле испитани преку три експерименти. Во првиот експеримент, од нив било замолено да проценат колку чувствата се манифестираат на нивното тело и колку во мозокот, колку се интензивни и како тие успеваат да ги контролираат различните чувства. Во вториот дел, тие ги класифицирале чувствата по сличност. Ова им помогнало да ги групираат емоциите во 5 категории: Позитивни чувства, негативни, когнитивни процеси, соматски (телесни) состојби и болести и хомеостатски состојби (телесни функции)

Прочитајте и...  Девојчето што ја расплака Србија: Хелена не знае дека има тумор на мозокот, ја лажат дека е модерно да и падне косата

Во последниот дел од експериментот, субјектите биле задолжени на празен цртеж на човечкото тело да го обојат делот во кој чувствуваат дадена емоција. Додека некои чувства се наоѓале на очекуваните места, како на пример глад во стомак, жед во грлото, разбирање и меморија во главата, некои откритија беа изненадувачки.

Позитивните чувства, како благодарност и заедништво, и негативните чувства – вина и очај, се скоро исто позиционирани, пред се во пределот на срцето, проследено со пределот на главата и стомакот.

Без оглед колку се слични чувствата, кога точно ги класифицираме според интензитетот и местото на изразување, доаѓаме до заклучок дека секоја емоција е уникатна. „Дојдовме до заклучок дека телото е поврзано со сите когнитивни и емоционални функции. Со други зборови, човечкиот мозок е цврсто отелотворен “, рече научникот Рита Хари за Curiosity.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top