Занимливости

Различностите се прекрасни: 28 фотографии од жени со различни состојби на кожата

Епидермис е фотографски проект од Софи Херис-Тејлор кој има за цел да се бори против стигмата околу проблемите со кожата. Страдајќи од сериозни акни како тинејџер, фотографката знае колку е тешко да се живее со различните состојби на кожата. И покрај тоа што Софи со текот на годините научила да живее со тоа, таа вели дека тоа многу влијаело врз нејзината самодоверба и правело да се чувствува засрамено.

Во „Епидермис“ фотографката покажува дека не секоја девојка има совршено мазно лице како што често гледаме на социјалните мрежи – некои од нив страдаат од акни, розацеа, егзема, и честопати се под притисок тоа да го прикријат со шминка. Овој пат, сепак, можеме да ги видиме нивните вистински лица.

Најголемиот дел од моделите, Софи ги пронашла на социјалните мрежи контактирајќи девојки кои веќе ги споделувале нивните приказни.

ФОТО: Sophie Harris Taylor

Прочитајте и...  Еднојајчани близнаци станаа татковци на ист ден (ФОТО+ВИДЕО)

Најпопуларно

To Top
Close