Македонија

Разубавено дојранското крајбрежје на креативен начин

Новата урбана акција наречена „Сончев Систем“, која е осмислена и направена за збобогатување и разубавување на дојранското крајбрежје, е дел од акциите на Центарот за современи уметности што се наменети за оплеменување на јавните простори во малите општини низ државата.

Акцијата претставува интервенција на простор од четириесетина квадрати во кој се поставени Сонцето и планетите од Сончевиот Систем, кои се работени во големини што се во сооднос со нивната големина во однос на Сонцето.

-Покрај секоја планета се поставени таблички со основните податоци за планетите заради истакнување на едукативниот дел на акцијата, велат организаторите.

Локацијата каде што е поставена оваа инсталација се наоѓа покрај брегот на Дојранското Езеро, во близина на плажата „Златен брег“, каде што е најголема фреквенцијата на посетителите на Дојран, со цел да го привлече нивното внимание.

Акцијата е поддржана од проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Прочитајте и...  Прекрасна интерпретација на „И ние сме деца на Македонија“ од групата Чалгии Мерак

Најпопуларно


To Top