Здравје

Рецепт за добросостојба на телото и паметот: Позитивен став, храна, вежбање и чај

Ќе си направите услуга доколку барем еднаш дневно испиете шоља чај. После некое време ќе ви стане навика.

ПОЗИТИВЕН СТАВ

Според сајтот Happify, луѓето кои практикуваат да се заблагодаруваат имаат повеќе позитивни емоции, подобро спијат и имаат посилен имун систем.

ХРАНА

Внесувајте доволно витамин Ц. Премногу е важен за правилна работа на организмот. Покрај останатото, делува и како антиоксиданс, и им дава потпора на витамините А и Е, цинкот и селенот.

ВЕЖБИ

Искористете го доброто време и вежбајте на отворено. Трчање со побавно темпо или брзо одење ќе направи чудо за вашето здравје. Секогаш ќе си направите услуга самите себеси доколку барем еднаш дневно испиете шоља чај. Нека ви стане и здрава навика.

Чаевите за добро утро или детоксификација во својот состав содржат ѓумбир и лист од зелен чај. Познато е дека овие компоненти содржат исклучиво силни антиоксиданси и други состојки кои му помагаат на телото во борбата против слободни радикали, го забрзуваат топењето на масното ткиво, имаат антивоспалително дејство, заштитно влијаат врз делувањето на црниот дроб и внатрешните органи.

Прочитајте и...  УРМИ: за анемија, холестерол, срце, запек, дијареа, крвен притисок, коски, кожа, превенција од рак и мозочен удар

Најпопуларно


To Top