Македонија

Рекорд: Зоолошката градина во Скопје за само еден ден ја посетија 12.000 лица

Убавото време, но и новините и уреденоста на Зоолошката градина во Скопје, вчера го наполнија објектот. Зоолошката градина за само еден ден ја посетија 12.000 лица.

Граѓаните максимално го искористија времето за уживање во ЗОО царството кое во поседниот период постојано ги изненадува љубителите на животните.

За посетеноста на објектот на Фејсбук објавиjа и на официјалната Фејсбук страница на ЗОО Скопје, како и директорот на објектот, Ѓорѓи Галетановски.

Најатрактивни меѓу животните се трите жирафи Тебого, Каспер и Флопи, како и слончиците Дуња и Даела.

Во пресрет на 1-ви април во ЗОО Скопје се организира и најголемиот скопски маскенбал.

„Во пресрет на 1 април, во Зоолошка градина Скопје, на 31 март добредојдени сте сите кои уживате во маскирањето. За сите маскирани дечиња подготвивме изненадувања од нашите пријатели: Тинекс, Винчини, Халк Банк, Вива и Пелистерка. За најдобрите маски следуваат награди. Дојдете во Скопје Зоо во недела, 31 март со почеток од 13:00“, велат од ЗОО Скопје во поканата до сите заинтересирани.

Прочитајте и...  Видео кое ќе ви го разнежни срцето: Лавот татко за прв пат го гледа своето бебе

Го поминавме и есенскиот рекорд во посетеност! Продадени 12 000 влезници во Скопје Зоо за само еден ден.Не радува и…

Gepostet von Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје am Sonntag, 17. März 2019

Најпопуларно


To Top