Животински свет

Ретко бебе албино слонче фатено на камера во Јужно Афрички парк

Несекојдневно е да се види албино слон, па можете да го замислите шокот на 58 годишниот Ники Коерц кога го видел малото бело слонче со розови уши.

Ретката глетка е сместена во Кругер Националниот Парк во Јужна Африка. Веднаш, Коерц знаел дека ова е извонредна глетка. Тој го посетувал паркот од дете и поминува околу 30 дена годишно таму, и сепак, никогаш не видел нешто како тоа дотогаш.

Коерц бил на сафари со неговото семејство кога го здогледал уникатното бебе слонче како пие вода покрај неговата мајка и семејство. Розевата кожа на бебето се истакнувала од стадото, каде сите слонови биле со сива боја.

Колку и да му се истакнало слончето на Коерц, исто толку ќе им се истакнува и на предаторите. Тоа ги става него, и другите албино животинки во голема опасност. Да не се спомнува, розовите кожа и очи се многу сензитивни на светлина.

Прочитајте и...  ФОТО: Селани спасуваат бебе слонче кое е заглавено во длабок канал

Животните се природно создадени да се вклопат со нивната околина, и колку и да е слатко ова албино слонче, се истакнува како голема мета.

Додека се верува дека слончето е албино, сеуште не е јасно дали станува збор за вистинско албино слонче, или бел слон, кој исто така е редок. Тоа е поради тоа што сликите не ни даваат доволно јасна слика за очите на слончето, дали тие се розови или не.

Очите на слончето се делумно затворени на сите слики, што може да значи дека е вистинско албино и пробува да се заштити од сонцето. Но сепак, никој не може да каже за сигурност. Албино животинките се познати по тоа што имаат силен вид.

Во Арфика, Албино слоновите се сметаат за исклучително ретки. Неколкуте слонови кои живеат во овој регион патат од болести на кожата и слепило поради тоа што не можат да се заштитат од сонцето.

Во Бурма, албино слоновите исто така се симбол на моќ и добра среќа.

Најпопуларно


To Top