Занимливости

Рецепт за домашен пилинг против стрии

Секоја жена која има стрии, знае колку пари и време му посветува на овој проблем. Меѓутоа, за секој проблем постои природно, домашно решение.

Стриите се бледи лузни кои се јавуваат како последица на хормонските промени во телото.

Чести се кај жените со ниски еластични влакна во кожата, а понекогаш и се сметаат за наследена „маана.“

За да се ослободите од нив, потребен ви е само овој рецепт и голема упорност:

  • 250g сол
  • 250g шеќер
  • 100ml палмино масло или било кое друго билно масло

Количината на пилингот можете да ја прилагодите зависно од големината на критичните делови.

Сите состојки измешајте ги и кога се туширате, темелно истријте ја кожата со овој пилинг. По постапката, нанесете хидратантна крема или лосион.

По 1 месец редовна употребна ќе забележите дека стриите стануваат помалку видливи. Но, тоа не е знак дека треба да престанете.

Напротив, овој пилинг нека ви стане секојдневен ритуал ако сакате долготрајни, позитивни резултати.

Прочитајте и...  Нова еволуција, во текот на 20 век луѓето добиле коска повеќе


Најпопуларно


To Top