Кујна

Рецепт за поховани пиперки

Ако сакате нешто невообичаено а вкусно да приготвите за вечера, закуска или прилог на јадењето, направете го овој рецепт за кој не ви се потребни повеќе од 30 минути.

Потребни состојки:

-пиперки

-брашно+презла

-јајца

-сирење за полнење или фил по ваш избор

Начин на приготвување:

Испечете убави, меснати пиперки, излупете ги, исчистете ги и посолете ги. Оставете ги малку да отстојат (5-10 мин).

По желба, пиперките можете да ги наполните со сирење измешано со малку сечкан босилек.

Отстојаните пиперки извалкајте ги во брашно, па во изматено јајце и на крај во презла. Пржете ги во врело масло додека да поруменат.

Послужете ги топли.

Прочитајте и...  Видео рецепт за домашни лепиња повкусни и од оние во пекара!

Најпопуларно


To Top