Луѓето продолжуваат да фрлаат храна откако собрале повеќе отколку што можат да консумираат како резултат на паничното купување поради коронавирусот.

На социјалните мрежи почнаа да се споделуваат полни контејнери и канти за ѓубре со голема количина зеленчук, овошје, леб, насекаде низ светот.

Освен што фрлаат расипана храна, фрлаат и совршено добри производи, наместо на пример да ги подарат на некој кој што навистина нема.

Она што уште повеќе ги изреволтира луѓето е што некои луѓе фрлаат и конзервирана храна, која очигледно им „здосадило“ да ја јадат, а исто така биле фотографирани и цели пакувања тестенини и слични производи.

Додека екомомијата пропаѓа поради пандемијата и некои луѓе стравуваат за тоа како ќе го преживеат следниот месец, некои луѓе буквално се расфрлаат со јадење. Револтот е најголем кај Британците бидејќи тие први го забележале овој „феномен“.


