Под површината на северниот пол на Марс се наоѓа огромен резервоар на заледена вода, откриле новите истражувања. Пронајдените резерви би биле доволни да ја покријат целата Црвена планета со вода.

mars nova otkrica aps 663799084

Користејќи посебен радар, научниците под северниот пол на Марс откриле заледена вода зарботена меѓу песочните слоеви.

– Ова и за нас беше големо изненадување, рекол Гизмодо Стефано Нероци, лидер на истражувањето од Универзитетот во Тексас.

Огромниот резервоар се формирал така што слоевите мраз се измешале со песокот во текот на стотиците милиони години. Се наоѓаат околу два километри под северниот пол.

Научниците и пред тоа верувале дека тука се наоѓаат слоеви мраз, но мислеле дека се работи за многу мало количество.

Меѓутоа, сега радарското секнирање од орбитата покажува дека има многу повеќе мраз отколку песок, што резервоарот го ичини трет најголем на Црвената планета, веднаш зад поларните капи.

Во слоевите на резервоарите односот мраз и песок се движи од 61 до 88 отсто, што е многу пвоеќе од што претходно се мислело. Доколку би бил донесен на површината и стопен, би било доволно да ја прекрие целата површина на Марс со метар и пол вода.

Прочитајте и...  „Бабушка-манијак“: Со години убивала луѓе и го готвела нивното месо, па им давала на деца да јадат

Истражувањето е бојавено во списанието „Geophysical Research Letters“, а новите набљудувања се направени со помош на „Шарад“, инструмент кој се наоѓа на леталото „Mars Reconnaissance Orbiter“ на НАСА.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.