Случувања

Роботи кучиња се иднината на доставувањето пратки и пошта

Во трката да се автоматизира доставата на пратки и храна во урбаните средини, повеќето компании се фокусираат на роботи со тркала. Но Германската автомобилска компанија Континентал има друга идеја. На CES 2019 шоуто во Лас Вегас, претстави робот за достава на четири нозе кој е дизајниран да ги достави пратките до врата.

Како што демонстрираа на шоуто, овој робото скокна од автомобил, премина преку тротинет кој му се најде на патот, се искачи по скалите на тремот и заѕвони на ѕвончето, а пакетот го остави пред вратата. Пред да се врати во возилото, роботот направи мал танц за да прослави за успешната достава.

„Размислувавме за тоа каде може да се примени и кои се најефикасните начини да се направи достава“ рекоа од компанијата. „Проблемот е, нашиот автономен автомобил може да врши достави до последниот километар – но што останува со последните неколку метри?“

Прочитајте и...  Наставничка херој: Чува новороденче, брат на нејзин ученик, откако целото семејство се разболело од Ковид-19

Роботот тежи 33 килограми и може да носи 11 килограми. Не е флексибилен колку вистинско куче, но со брзина од околу 1 метар во секунда, може да дојде од тротоарот до влезната врата за неколку секунди. Роботот искористува неколку широкоаголни камери, сензори на нозете и технологија слична на радар наречена LIDAR за да ја мапира околината и да го пронајде патот.

Најпопуларно


To Top