Случувања

Роботите ќе заменат 20 милиони работници во фабриките до 2030 година

Роботите би можеле да заменат 20 милиони работни места во индустријата до 2030 година со што би се влошиле социјалните и географски нееднаквости, но позитивно би влијаело на економскиот раст.

Industrial robots

Според анализата на компанијата „Оксфорд економикс“ најмногу ќе бидат погодени работните места со најниски квалификации и тоа на нееднаков начин по земји или во самите земји.

Роботите веќе зафатија неколку милиони работни места во индустријата, а тој тренд напредува и во други области благодрејќи на модерната технологија и вештачката интелигенција, вели британската компанија во својот извештај во кој се разгледува и економскиот аспект на употребата на роботи.

Многу аналитичари сметаат дека автоматизацијата во поширока смисла повеќе допринесува за создавање отколку на намалување на работни места, но се создаде конфликт помеѓу работните места со повисоки и со пониски квалификации, па така голем број работници останаа без работа.

Роботизацијата ќе влијае на зголемување на продуктивноста и на економскиот раст, а експертите проценуваат дека светската економија би можела да има профит од 5.000 милијарди долари до 2030 година.

Прочитајте и...  Мазда повлекува околу 190.000 автомобили, ќе се врши замена без надомест

Експертите исто така укажуваат дека најмногу ќе бидат погодени работните места со повторувачка активност како и работните места во логистичките центри.

Работните места кои бараат “сочувство, креативност и рационална интелигенција” ќе останат во рацете на луѓето уште многу децении, се наведува во извештајот и додаваат дека роботите ќе бидат присутни во трговијата, здравството, угостителството, сообраќајот и земјоделството.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top