Занимливости

Родители направиле идентични тетоважи со белегот од раѓање на нивната ќерка

Тања и нејзиниот сопруг Адам биле шокирани од луѓето кои што зјапале во нивната ќерка и кажувале невкусни работи за неа. Хани Реј била родена со белег кој ја покрива целата нејзина десна страна од телото со светло црвени дамки, па нејзините родители одлучиле да направат нешто за да се справат со осудувачкото општество.

Тие одлучиле да направат тетоважи кои ќе бидат идентични со белегот кој го има нивната ќерка. Хани Реј иако премала за да сфати, била прерадосна од тетоважите и постојано ги допирала и им викала „Исти сме“ со насмевка на нејзиното лице.

Овие родители го кренаа родителството на сосема ново ниво за да направат нивната ќерка да се чувствува нормално и покрај нејзините различности. Сигурно ќе се согласите дека ова е прекрасен гест од страна на родителите кон нивното дете.

Прочитајте и...  14 интересни факти кои можеби не сте ги знаеле за Македонија

Најпопуларно


To Top