in ,

Роџер Вотерс од Пинк Флојд повика на бојкот на Евровизија

Роџер Вотерс, поранешниот член на групата „Пинк Флојд“ повика на бојкот на Евровизија што оваа година ќе се одржува во Тел Авив, Израел. Тој како претставник на движењето за бојкот и санкции против Израел, повика сите учесниците „да застанат рамо до рамо со Палестинците“. Тој ги повика и Би-би-си да не го пренесува Евросонгот во Тел Авив во мај.

Eurovision

„Да покажеме солидарност со 189-те невооружени демонстранти кои минатата година беа убиени од израелски снајперисти, меѓу кои и 35 деца“, наведува Вотерс, повикувајќи се на податоците од независната Комисија за истрага на Обединетите нации околу протестите во Појасот Газа.

Според извештајот, 154 од убиените биле невооружени. Израелските власти ги отфрлуваат ваквите тврдења.

Во прилог ја пренесуваме неговата целосна објава:

https://www.instagram.com/p/BvFN40OlQRS/
Прочитајте и...  Граѓаните на Тирана секојдневно од своите балкони 15 минути во пренос на телевизија ќе аплаудираат во чест на лекарите

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote