in ,

Роналдо своите хотели ги претвора во болници за борба против корона вирусот!

Португалскиот ас Кристијано Роналдо, одлучи својот ланец на хотели да го претвори во болници во битка за коронавирусот.

Играчот на Јувантус поседува хотели во Поругалија, Франција и Шпанија, а сега тие хотели ќе ги претвори во болници за лечење на заразени од коронавирусот.

Роналдо оди и подалеку, што се согласил и самиот да плаќа доктори и останат медицински персонал во тие хотели, пренесува „Марка“.

Еден од најдобрите играчи поради коронавирусот се наоѓа во домашна изолација во Мадеира, со огле дека е заразен неговиот соиграч Даниеле Ругани.

Познато е дека Португалецот е хуманитарец, и досега неколку пати има помогнато на граѓаните ширум Светот кога се случуваа катастрофи. Неговата мајка пред неколку години го победи ракот, а Роналдо се реши да донира 100.000 евра на болницата која ја лечеше.

Извор: sportmedia.mk

Прочитајте и...  Сибирски хирург го користи годишниот одмор да патува по светот и бесплатно да оперира деца

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote