Текстови и колумни

„Розата и ти“ – поема

Ми те донесе розата со нејзината разголена свежина,
кога таа расцути те поведе тебе со зборовите,
полиени од копнежот за да ме престигнеш да не отидам во непозната тугина,
каде немирот ќе царуваше постојано,
а ти ќе се радуваше само на споменот од твојата глетка кон мене,
кон моите очи што секогаш беа спремни кога ќе им се најдеше во близина,
да се восхитат премногу и тоа ќе траеше цела плодна година,
ќе го стрпеа срцето за некој остварен бој од твоето присуство.
Сам со поглед до височините на небото секогаш со молитва те повикував,
да ми дојдеш ко самовила што одмара на кралскиот престол и ме чека за да ја освојам со моите искрени намери,
со терапивно замолчување ќе запамтив дека ти ја сакаш душата,
што мирно клоцка за да те искачи на најсигурното столче кое го управува таа,
таа одбира места,
а нежните убавини ги расфрлаш ти со твојот прекрасен дијамантски говор и твоето женствено тело,
со кое треба сконцентрирано да се постапува од кога ќе се дојде до средината од вистинскиот филм,
каде највозбудливото е во прв план со одбрана контрола од нашите умови што мечтаат за врвни искажувања.
Во тие минути кога и розата бела те донесе заедно изгледавте како близнаци клонирани,
нејзината бела постела и твојата руса коса беа сосем исти,
јас не знаев што побргу да допрам,
дали розата што ми беше во сите денови верна или па ти моја гурбетке,
што во други краеви оправдано се занимаваше со професионални дејности што сепак не можеа да ти ја исфрлат мислата за мене и минатото со кое растеше,
во кое радоста на твојот лик бев јас и моите врзани раце за да те цела ноќ милувам,
да те наполнам од љубовна магија,
па само ти понатаму каде и да беше да те таа вози насекаде каде јас нема да сум покрај тебе,
да загори со твојата запалена енергија и како што доликува следниот пат да исчади се,
без измачување и болки,
без пламени што ќе зафатеа повеќе страни и ќе изгореја оние најмили во сферата на планетата.
Мила солзо непрокапена што се штедиш за да ме покапаш кога ќе се лулаш во мојот скут,
ќе дојдам на старото место и розата ќе ти ја поклонам,
ќе те побарам за невеста што камбани од најсложените инструменти ќе забијат,
изведувајќи посебен звук со музичка порака во која ќе се нагласат зборовите:сега сме како порано заедно,
ајде принцу гушни ме за да топло се скротам во твојата прегратка..
јас без одговор ќе ти ја остварам желбата љубов моја….

Прочитајте и...  Писмо до мојата мајка

Автор:Оливер Глигоров 11.09.2019

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top