Во Томск во Русија во април годинава е роден малиот Александар К. или Саша, како што го викаат, со многу редок хендикеп: тој е едно од трите бебиња во светот што се родени без очни јаболка.

Поради тоа просто нема органи за вид, па шестмесечниот Саша никогаш нема да може да прогледа. Се верува дека малечкиот страда од редок облик на СОКС2 анофталмиски синдром кој погодува едно бебе во четврт милиони.

Мајката на Саша е девојка која и самата израснала во сиропиталиштето во кое е сега синот. Таа за хендикепот на детето дознала додека била бремена, но сепак се одлучила да го роди. Меѓутоа, морала да се одрече од него зошто не можела да му ја пружи потребната нега. Нема податоци за таткото, а во неговиот извод на родените, е напишана цртичка таму каде што требало да биде впишано името на таткото.

2021615 profimedia0476826234 ff

Во домот за сираци велат дека Сеша е весело и мирно бебе. Се смее кога ќе слушне познати гласови и комуницира како и секое друго бебе.

Покрај тоа што нема органи за вид, лекарите велат дека малиот Саша е единствен и по тоа што е потполно здрав. Обично бебињата родени со тежок хендикеп имаат и други здравствени проблеми, но овој малечок има само две бенигни цисти на челото, кои наскоро ќе бидат оперирани. Инаку е потполно здрав.

Прочитајте и...  „Бабушка-манијак“: Со години убивала луѓе и го готвела нивното месо, па им давала на деца да јадат

На детето неодамна во Санкт Петербург му вградија вештачки очни јаболка за да не му деформира лицето додека расте. На такви операции ќе мора да оди редовно зошто очните јаболка растат како и другите делови од телото.

2021619 profimedia0476826297 ff

„Саша минува низ сите редовни прегледи и тестови како и секое друго бебе на негова возраст. Добро му оди“, рече Татјана Рудникович, докторка од Томск, и додава дека детето е подготвено за посвојување или старателско семејство.

Предност при посвојувањето ќе имаат прво родители од Русија, а подоцна ако нема заинтересирани, и од други делови од светот, со тоа што постојат ограничувања само кога се во прашање посвоители од САД.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за