Русинката Соња (14) ја уби мечка кога одеше да купи чоколадо: Телото и било измасакрирано што и родениот татко не ја препознал

Жителите прво помислиле дека девојчето Соња Чернигова (14) ја убил волк, но на местото на убиството пронашле траги од мечка.

pix

Девојчето во нападот на мечката во центарот на селото Јодва во руската република Кома се здобила со застрашувачки повреди на вратот, лицето и главата. Нејзиното измасакрирано тело го пронашле локалните тинејџери, кои не ја препознаа, како и нејзиниот татко Сергеј Чернигов кој тргнал во потрага по ќерката која отишла до продавница по сок и чоколадо, но не се вратила, пишува Мирор.

11 17 43 rteterdzer

-Не сакав да верувам дека тоа е мојата ќерка, пред моите очи, рече нејзиниот татко.

-Лицето и беше искасапено и беше невозможно да се препознае. Беше облечена како и сите останати девојки, само јакната и беше препознатлива. Се беше јасно кога се јавив на нејзиниот број од мобилниот телефон и тој заѕвони во џебот от нејзината јакна, додаде тој.

Мечката барала храна по ѓубрето

Споменатото село во последните неколку недели е под опсада на мечки и волци. Жителите се многу исплашени, јавува локалниот весник. Се смета дека мечката го нападнала девојчето барајќи храна по ѓубрето кога девојчето ја изненадило некаде околу 21.45 часот, во моментот додека се уште имало дневна светлина.

ПОради овој настан отворена е криминална истрага, за да се утврди дали локалните официјални лица презеле се што било непоребно за да се одвратата дивите животни од селото, а кое се наоѓа на оддалеченост поголема од 230 километри од регионалниот главен град. Волците и мечките со години доаѓаат во селото, а во зима ги јадат и локалните кучиња.

Се очекува по овој настан ловците да добијат одобрение за убивање на локалните мечки. Убиеното девојче Соња за две недели требаше да наполни 15 години.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.