Православни свештеници од руската федерална област Твер на необичен начин се обидоа да ја спасат својата заедница од гревови како што се консумација на алкохол и разврат. Тие се качиле во авионот и врз градот истурале света вода со цел да го прочистат од зли духови.

Попот Александар Горјачев и уште двајца членови на Руската православна црква необичниот воздушен благослов го извршиле минатата среда, во спомен на рускот ден на трезвеноста.

Тие се качиле во мал авион и со себе понеле 70 литри света вода што ја истуриле врз градот. За осветената вода велат дека ќе им помогне на луѓето со зависност од алкохол и дрога.

Локалните медиуми пренесуваат дека во авионот, заедоно со свештениците, била и брачна двојка која тврди дека сопругот на чудесен начин се излекувал од алкохолизам.

„Секоја болест доаѓа од вирус, а вирусот е демон. Затоа, секоја болест пред се е и духовна болест“, изјавил отецот Горјачев.

Прочитајте и...  Драматична снимка од Шпанија: Авион се сруши во море

Извор: Makfax

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде