Македонија

Саем за вработување и пракса „Контакт 2019“

Денеска започнува 6тото издание на саемот за вработување и пракса – Контакт. Настанот е во организација на студентските парламенти на ФИНКИ, ФЕИТ и МФС.

Денес и во следните два дена студентите ќе имаат можност да ги посетат холовите на факултетите од техничкиот кампус каде што ќе можат да дојдат во директен контакт со компании од областа на информатиката, електротехниката, енергетиката и машинството.

Целта на целиот овој настан е да се доближат компаниите до студентите и притоа да им се олесни на студентите процесот на наоѓање на работа. Контакт им овозможува како на студентите така и на компаниите да се прикажат во што подобро светло. Саемот е од отворен карактер, што значи дека не само студентите туку и секој кој има веќе дипломирано може да дојде и да ги најде сите најголеми компании од соодветната индустрија на едно место.

Настанот е составен од два дела: едукативен и саемски дел.

Прочитајте и...  Топ 5 серии за 2019 година досега

Во текот на сите 3 дена фирмите ќе бидат во холовите на факултетите на свои штандови каде што секој студент ќе може да оди и да се информира за работата и условите на компанијата, со што е всушност претставен саемскиот дел. Едукативниот пак е составен од предавања и работилници кои имаат за цел да им овозможат на студентите да ги развијат комуникациските вештини, ќе им помогнат да научат да напишат CV и како да се однесуваат на интервју.

Според податоците од минатата година имаме преку 150 успушни вработувања или добиени пракси од самиот саем, а има и голем број на студенти кои останале во контакт со компаниите и по завршувањето на саемот.

Дополнително со тоа што ќе направите профил на страната на Контакт и ќе го оставите вашето CV таму секоја од компаниите ќе има пристап до него, па таа база на CV-a може да биде исто така одговорна за вашето вработување.

Прочитајте и...  Грета Тунберг е личност на годината според „Тајм“

Затоа доколку сте во потрага по вработување или пракса, или едноставно сакате да научите професионални вештини кои ќе ви помогнат во иднина, не се двоумете да го посетите настанот од 12 до 14 март.

Најпопуларно


To Top