МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Галерија

САКАЈТЕ ГО СВОЕТО ТЕЛО: Моќни и охрабрувачки фотографии кои ја прикажуваат природната убавина на женското тело

Кога гледаме фотографии на социјалните мрежи од инфуленсери и познати личности на кои изгледаат совршено, со совршена шминка и изразени стомачни мускули, забораваме на природната убавина на женското тело. Тоа не мора да биде совршено. Не мора да бидеме фит. Во ред е да имаш стрии, целулит. Во ред е да имаш акни. Тие се дел од нас – дел од тоа да се биде човек.

Една жена со име Ираис Кадена од Чивава, Мексико неодамна напиша една објава на Фејсбук со која ги охрабрува жените ширум светот да бидат горди на своето природно тело. Нејзин пример била Сара Никол Ландри, писателка и мајка на три деца која го документирала нејзиното патување низ процесот на засакување на своето тело. Оваа објава стана вирална и е споделена повеќе од 662.000 пати.

Силна жена 💪🏻👩🏼
Им се восхитувам на сите оние жени кои остануваат силни и покрај промените низ кои поминало нивното тело наместо да бидат депресивни и да се прашуваат „зошто јас?“ тие се сакаат себеси безразлика на се, и се борат од ден на ден да станат подобра верзија од себеси.
Исто така, им се восхитувам и на мажите кои остануваат покрај таква жена и прават таа да се чувствува како најубавата жена и ја поддржуваат во секоја фаза од нејзиниот живот. Да се биде жена не е лесно. Жените поминуваат низ многу промени во нивниот живот. А на мажот кој тоа го разбира, треба сите да му се восхитуваме.
Девојки, продолжете да се борите за своите соништа, заборавете на сите стереотипи и запамтете-сите сте убави на свој начин!

Ландри, 35-годишна жена и мајка од Канада, не се плаши јавно да зборува за нејзиното прифаќање на своето тело и учењето како да се сака себеси. Во интервју за Bored Panda, таа изјави дека со прифаќањето на своето тело страдала долг период од нејзиниот живот. „На 14 години бев на мојата прва диета, а со диетите продолжив се до зрелоста“.

Навистина верував дека губењето тежина е начинот на кој ќе го прифатам своето тело, па тоа и го правев до пред 5-6 години. По губењето на околу 40кг, бев уништена кога сфатив дека се уште имам потешкотии со прифаќање на своето тело, можеби дури и полошо од претходно“, продолжи таа.„Оттогаш работев на проблемите околу самоприфаќањето, нарушената исхрана и мојата самодоверба, а низ тој процес патував со помош на интернетот.“

Диетите резултирале со нарушена исхрана, страв од дебелеење и страв од јадење, нешто со кое морала да се бори со години.

Фотографиите зборуваат сами за себе.

Најпопуларно

To Top
Close