Случувања

Сакал да ограби девојка, но не знаел дека е шампионка во ММА

Грабежите се вообичаена работа низ улиците на Рио де Жанеиро, но еден крадец настрада откако налета на погрешна „жртва“, обидувајќи се да го земе мобилниот телефон на Полијана Вијани. Проблемот е што тој не знаел дека Полијана е УФЦ-шампионка, која му дала таков ќотек што ќе го памети за цел живот.

„Тој само ми го покажа пиштолот и ми кажа да му го дадам мобилниот телефон. Кога ми пријде поблиску увидов дека можам да го совладам, бидејќи ќе нема време да го извади пиштолот. Го удрив два пати и го соборив на земја, а потоа почнав да го гушам, па го ставив во положба да не може да се движи. Повикав полиција, најпрвин ми велеше да не го правам тоа, но кога виде што му се случи самиот молеше полицајците побрзо да дојдат“ –  ја опиша Вијани случката.


Извор: ekipa.mk

Прочитајте и...  Шест пензионери уапсени за групен секс на јавно место
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top