Случувања

Сакам син: Марија Шерифовиќ се подложила на вештачко оплодување

Животната желба на поп ѕвездата Марија Шерифовиќ е да стане мајка, па поради тоа своевремено три пати одела на вештачко оплодување во Белград и Лос Анџелес. Бидејќи не успеала да затрудни, победничката на Евровизија се разочарала, па во моментов се откажала од потомство и се посветила на кариерата.

Во неколку наврати досега таа истакна дека одвај чека да се оствари како мајка, а Марија неодамна повтори дека би сакала да роди момче!

Сакам син. Момчето може да биде криминалец или хомосе*суалец, а девојчињата ми се страшни. Не знам дали Србија желно ги чека моите наследници, ама штом ги добијам, со задовлство тоа ќе го споделам со нацијата, бидејќи поубава вест од таа нема – рекла своевремено Марија, која смета дека ќе биде добра и посветена мајка.

Прочитајте и...  ДЕНЕСКА ВТОРО БЕБЕ МЕЃУ ПОЗНАТИТЕ- се породи македонска пејачка, а бебето го крсти по омилениот лик од серијата „Игра на тронови“

Најпопуларно


To Top