Кујна

Салата со чајна и бел дресинг

Фото: moirecepti.mk

Потребни состојки:

150 гр. чаен колбас

5-6 листови марула

1/2 домат

1/2 краставица

Дресинг:

5 големи лажици кисела павлака

3 големи лажици мајонез

3-4 гоелми лажици јогурт

3 мали кисели краставички

1/2 мала лажица букoвец

1/2 мала лажица оригано

Подготовка:

1. Во еден сад се сечат листовите марула, доматот и краставицата.

2. Чајната исечена на многу танки листови половина се става со марулата доматот и краставицата и се измешува, половина се се става одозгора.

3. Одозгора се редат брускетите или кубетите.

4. Во еден сад се реднааат краставичките и се цедат од солилото.

5. Павлаката и мајонезот и јогуртот се мешаат со исцедените краставички.

6. Се додаваат и зачините и убаво се мешаат сите состојки.

7. Со дресингот се прелива салатата.

Прочитајте и...  Македонска тава - вкусна македонска рецепта која мора да ја пробате

Најпопуларно


To Top