Текстови и колумни

„САМ“ – поема

Зарем не е жално да се движиш по патеката сам без помош и поддршка од фамилијата, ниту грам
бидејќи поддршката е незаменлива.
Не знам ова погоренапишано дали е в ред, зарем не е болно? Не велам дека во секоја куќа тече мед,
но мислам дека е тажно кога еден млад човек нема грб.

Така ќе си оди сам како знае и умее
по патот и лавиринтот пробивајќи се низ сите патеки во животот
во добро и во лошо
скршен од очај и разочаран во себе, но полн со сила, елан и снага за да докаже дека може да успее без ничија помош.

Тогаш ќе биде горд и среќен, пред сè горд на себе што успеал успешно и сам да стигне до својата цел, да продолжи да оди по патот
што го води секогаш само до успех и среќа.

Малечка

Од стихозбирка поезија – Посилна од судбината.


Малечка е нашиот најнов дописник и објавуван автор и таа за себе вели дека е таа што е. Вечен борец за правда. А, нејзиното мото гласи – „Секогаш да и погледнеме на вистината во очи.“

Прочитајте и...  Важната лекција која ја учиме од невозвратената љубов
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top