Случувања

Samsung работи на гејмерски смартфон со свитлив екран

Не е тајна дека Samsung планира во блиска иднина да понуди неколку различни модели на смартфони со екрани кои се виткаат. Еден од нив неодамна беше претставен на конференцијата за девелопери, а сега се појавија информации за еден нов, гејмерски смартфон со истата технологија.

Иако е тешко да се открие конечниот дизајн на смартфонот поради заштитната маска, принципот на работа на овој уред беше откриен.

Од внатрешната страна се наоѓа екран кој се витка на средина, додека од надворешната страна се наоѓа дополнителен дисплеј со помали димензии кој служи за поедноставна употреба на уредот, на ист начин како што ги употребуваме мобилните телефони.

Меѓутоа, изгледа дека Samsung нема намера да претстави само еден обичен смартфон со свитлив екран, туку во нивните планови се наоѓа уште еден модел – наменет за гејмерите.

Прочитајте и...  47 години од првиот телефонски разговор на мобилен

Како што може да се види според рендер фотографиите, гејмерскиот модел ќе може да се витка на две места – на средина и близу до дното на уредот. На долниот дел би се наоѓал тастер сличен на џојпад контролерите. Кога телефонот би се користел како обичен, тастерите би биле скриени во внатрешноста на уредот, а површината на екранот би била нешто поголема.

Извор: kajgana.com

Најпопуларно


To Top