Случувања

САНАТОРИУМ СО „ПАРАНОЈА“ СЕ ВРАЌА НА СЦЕНАТА

Македонскиот култен треш состав Sanatorium се враќа на сцената со нова песна насловена „Параноја“. Моќна, брза и енергична…, онаква каква што нивните фанови и очекуваат од нив. Ваквиот кам бек се случува во моменти кога се чини дека тоа е најпотребно за публиката. Новата композиција на Sanatorium е во целост авторско дело на членовите на бендот Перо Стефановски, Горан Атанасов, Горан Станковиќ, Бобан Василески и ex. гитаристот Константин Качев. Во снимањето на „Параноја“ учествуваа Бобан Василески, Александар Стефановски и Дарко Дарковски, а миксот и мастерингот се дело на Александрос Крисидис. Видео продукцијата е на тапанарот Горан Атанасов.Во продолжение погледнете го видеото.

Прочитајте и...  Кинески хирург изврши прва операција во светот на мозок од далечина преку 5G технологија (ВИДЕО)

Најпопуларно


To Top