Случувања

Се откажаа од скапата облека, на матура отидоа со маички имитација на кошула и вратоврска, а парите ги донираа

Наместо скапа облека, матурантите од Сообраќајното и електро училиштето, ученици на III-3 смер електроничари и електричари одлучиле вечерва на матурската забава да облечат црни маички со имитација на кошула и вратоврска, а парите со кои требало да купат костуми да ги донираат во хуманитарни цели.

20190517192058 538885

18 момчиња денеска го завршија своето средно образование. Идејата е на Тарик Медиќ, а ја прифатиле неговите колеги со ки поминал три години во училишните клупи.

Парите од нашата облека некому му се многу попотребни отколку нам и тогаш на класот им предложив да ги донираме парите, а тие се согласија и донацијата беше исплатена на Вања Манијловиќ. Успешно собравме 750 конвертибилни марки и драго ми е дека успеавме, изјави Медиќ и додаде дека Вања се лекува од леукемија и е мајка на малолетно девојче.

Сакавме парите да му ги дадеме на некој од Добој, и за среќа немаше болни деца, вели Тарик.

Даниел Поповиќ рече дека сите 18 другари се сложиле вечерва да не облечат костуми туку маички, а реакциите на нивните врсници кои се дотерале за овој ден беа позитивни.

Беа многу зачудени, но и среќни бидејќи во нашиот град сеуште постојат хумани деца, хумани ученици и горди се на нас што имаат вакви другари, кои направија еден хуман гест, раскажува Поповиќ и со гордост додава дека тие се први во Добој кои одлучиле да се разликуваат од останатите матуранти.

Да се жртвува костумот за маичка со имитација на кошула и вратоврска не беше тешко, искрен е Лука Цвијановиќ, кој заедно со другарите госро позираше пред средношколскиот центар.

Најдов на интернет шаблон и им предложив на другарите тоа да го отпечатиме на маичките, вели Цвијановиќ.

Класниот раководител Жељко Тодоровиќ облекол костум и се присети како беше некогаш да се биде матурант.

Ние воопшто немавме матурска вечер тогаш, тоа беше во 1973 година. Ние сме првата генерација кој излезе од ова училиште, матурската прослава се воведе подоцна. Во наше време немаше ниту матурска екскурзија, се сеќава Тодоровиќ.

Извор: Република

Прочитајте и...  Италијанците го вадат знамето на ЕУ и го ставаат знамето на НР Кина

Најпопуларно


To Top