Се породила самата дома и го фрлила бебето во контејнер

Триесет и три годишната М.Г. од Белград е упасена под сомнеж дека своето тукушто родено бебе го фрлила во контејнер во белградската населба Жарково. 

Таа утре ќе биде сослушана од обвинителството, а се терети за обид за убиство на дете. Како што соопшти српското МВР, мајката во утринските часови се породила самата дома, без присуство на лекар. 

Бебето го завиткала во ќеса и го фрлила во контејнер во близина на нејзиниот стан, пишува „Блиц“. Бебето го пронашол пензионерот Слободан Цветковиќ и викнал полиција. Дететео дега е сместено на Детската клиника, од каде што велат дека е во добра состојба и нема никакви повреди.

За ова кривично дело, обид за убидство на дете, на мајката ѝ се заканува казна од 10 до 40 години затвор. 

Фото: Милан Илиќ- Рас Србија 

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.