Текстови и колумни

Се родив за да живеам, а живеам за да умрам

Моите 10 години доволни ли беа да го разберам животот? Размислувајќи на тоа прашање секогаш барав соодветен одговор, но до моите уши доаѓаше само ехото на тишината. Животот е полн со убавини, но се што е убаво кратко трае. Се радувам на новото изгрејсонце, на новото утро, на новата шанса за подобар ден. Се радувам на сите малечки нешта, бидејќи за среќа е потребно само малку.

Чувства, среќа, радост, тага, солзи, насмевки, составни елементи на животот.И не за залудно се телевизиските серии,сапуници, се она што се случува ‘’таму’’ се случува во реалноста.

Животот ми изгледа како телевизиска серија со почетоци, заплети, расплети.Настани кои се полни со лага, вистина, а продолжува со среќен или тажен крај.

Сите живееме свој живот на различен начин. Зошто постојат сите тие напнувања, сите стресови, нервози, депресии? Зошто ниеден човек не може да биде безгрешен? Зошто ние луѓето постојано се навредуваме еден со друг, се расправаме за беспотребни работи ,за безвредни нешта.Зошто општеството и нашата заедница се исполнети со злосторства, зло, криминал , зошто не е се толку совршено? …

Прочитајте и...  „Отуѓување“ –Вукашин Ступар

Човек се раѓа за да живее, но и живее за да умре. Луѓето доаѓаат се е толку убаво, наеднаш ви вртат грб и за момент заминуваат засекогаш од вас, така постојано како во круг.

Многу не се запрашале дали денес му го разубавиле на некој денот, или денес успеале да насмевнат некого, за жал денес не знаеме дали ќе се разбудиме а камо ли денот да ни биде исполнет само со убави нешта.

Постојано сме во некаква “борба”, независно дали сме победиле или изгубиле. Зар навистина живееме во толку проклето општество, зарем не ве гризе совеста? Може ли мирно да спиете навечер? Би сакала свет, без предрасуди и критики, свет без тажни приказни, свет каде што сите се со своите фамилии, толку среќни и радосни.

Би сакала да видам среќа, така ќе ми се исполни душата со убавини. Живеејќи да помагаме, да делиме насмевки, да шириме љубов, а не омраза.

Прочитајте и...  Каде си?

Животот е навистина тежок, токму и затоа треба да бидеме трпеливи, упорни, скромни, задоволни со она што го имаме, да не завидуваме на туѓото.

Верувам во судбинското, но сакам да кажам дека понекогаш тоа што го правиме и не е судбинско, ние сами ја пишуваме нашата судбина. Да го измениме судбинското кон подобар и посреќен живот.

Да престанеме да судиме за туѓите болки, рани, бидејќи сигурно никој од нас не сака да го почувствува тоа на своја кожа.

Денес на прочка, проштевајте и нека ви биде простено. Иако секој треба да биде свесен за своите грешки, но луѓе сме, грешиме. Грешките се за луѓето.

Човечки е да простиш, човечки е да дадеш уште една шанса, шанса за подобро утре.

Не сонувајте го животот, живејте го вашиот сон.

Од вас зависи.

Автор: Сања Симјаноска

Доколку сакате да објавиме ваш текст или колумна, пратете ни на нашиот мејл: [email protected]

Најпопуларно


To Top