Македонија

СЕ ТЕСТИРААТ И ДВЕ РОДИЛКИ: 7 сомнителни случаи се испитуваат дали имаат корона вирус, биле вратени од Австрија, Швајцарија и Германија!

Имаме седум нови материјали кои што се работат, станува збор за пациенти од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид, дел од нив престојувале во Швајцарија, Австрија и Германија, а после неколку дена од враќањето од овие држави развиле висока температура, ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Инаку тој напомена дека 13-те пациенти кои што се сместени на Клиниката за Инфективни болести се во стабилна состојба идентична на таа која што беше во вчерашниот ден, додека само една пациентка од Дебар е на респираторна машина со значајно подобрување на параметрите по вклучување на механичка вентилација.

Тој додава дека таа се уште е во непредвидлива прогноза поради тоа што многу често непредвидливо доаѓаат компликациите.

Во добра состојба е и 15 годишниот пациент, напомена тој.

-Две родилки кои што вчера се донесени од Дебар, едната е во болницата во Охрид, другата во Скопје и тие се во оддел за изолација, не се непосредно пред породување, меѓутоа ги донесовме тука за да се направат тестовите и да бидат подготвени за породување, рече Филипче.

Прочитајте и...  Државниот карантин се заменува со домашна изолација

Најпопуларно


To Top