Галерија

Се засакале на 8 години, а починале заедно во прегратка по 75 години брак

love 3

Џенет Точко (96) и нејзиниот сопруг Александар Точко (95) се сакале целиот свој живот, а смртта ја дочекале токму така како што пред неколку децении се заколнале на вечна љубов, а нивната приказна која е достојна за една холивудска мелодрама, за телевизијата „Еј-би-си“ ја раскажа нивната ќерка Ема.

love 4

Џенет и Александар, двајцата родени во семејство на полски емигранти се запознале во 1927 година во Конектикат. Иако имале само по осум години се заветиле на вечна љубов. Се венчале во 1940 година и се до нивната смрт, која се случила минатиот месец, живееле во Сан Диего, Калифорнија.

love 2

 – Нивните срца чукаа како едно – вели нивната ќерка Ема.

95-годишниот Александер и 96-годишната Џенет починале во растојание од неколку часа, прегрнати во кревет.

love 6

Александер, кој бил ветеран од втората светска војна, неодамна го скршил колкот, останал прикован за кревет. Како што здравјето забрзано му се влошувало, така и Џенет се повеќе слабеела.

Прочитајте и...  Дали одгледувањето храна треба да биде дел од образовниот систем на децата?

– Секогаш велеа дека ќе починат во својот кревет, прегрнати – раскажала Ема, а нивната желба им се исполнила. Александар починал на 17 јуни, а Џенет следниот ден.

love 7

– Кога и кажав на мојата мајка дека татко ми почина, таа го прегрна и кажа:
– Ете гледаш, како што сакаше, почина во моите раце, а јас те сакам. Чекај ме, јас наскоро ќе бидам таму – раскажала Ема.

За помалку од 24 часа и Џенет починала. Само неколку дена претходно прославиле 75 години брак.

Love 1
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top