maxresdefault 8

Еден сопственик на риба создаде инвалидска количка за неговата златна рипка за да го спаси нејзиниот живот.

maxresdefault 8

Модниот дизајнер Хенри Ким од Јужна Кореја, специфичен е по тоа што измисли „инвалидска количка“ за златни рипки.

Додека повеќето луѓе рибите ги сметаат за досадни миленици и преферираат животни кои сакаат да се галат, постојат и онакви кои би направиле се за своите мали, водени миленичиња.

Хенри Ким е сопственик на повеќе од 20 златни риби кои ги чува во три одвоени аквариуми во својата куќа. Откако неколку од нив се разболеле, тој решил да најде начин да го спаси животот на останатите златни рипки со тоа што ќе измисли инвалидска количка.

Златните рипки се склони кон болест на мочниот меур, поради која не се во можност правилно да го регулираат протокот на воздух. Како последица на ова, рибите пливаат или странично или целосно превртени.

Болеста на мочниот меур може да настане од повеќе причини, на пример, прејадување или валкана вода во аквариумот.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Најдраматичната змија што некогаш ќе ја видите

„Обично гледам дека од оваа болест заболуваат риби кои во Кореја се увезуваат од Кина или Тајланд.“, рече Хенри.

За да им овозможи на болните риби да пливаат нормално, Хенри измисли мала справа која во водата ќе ги задржи во исправена положба.

По неколку часови на Интернет, барајќи идеја како да го реши проблемот поради кој умираат неговите риби, упорниот Хенри измислил лебдечки изум наречен „инвалидска количка“.

Рибите кои заболуваат од болест на мочниот меур просечно живеат уште само неколку месеци, но благодарение на овој изум тие имаат подолг живот.

Изумот стана вирален и многу луѓе го пофалија Хенри за неговата креативност и хуманост.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за