Македонија

СЕКОЈА ЧЕСТ: Ѓоко Јовиќ извади куфер сред свирка за да собере пари за операција на Ирена

Своевремено фолк, а денес поп пејачот Ѓоко Јовиќ направи гест за паметење за време на еден свој настап. Музичарот кој е познат по својата хуманост и има учествувано на голем број на хуманитарни концерти, на кратко го прекина настапот во локалот и им се обрати на присутните.

20180921142551

-Наредните петнаесеттина минути ќе пејам за една храбра мајка на две дечиња, Ирена Танчева, на која и е потребно скапо лекување на клиника во Москва, Русија. Ќе ве молам сите кои сте во можност да донирате, да и помогнеме на мајката – повика Јовиќ.

Веднаш по првите ноти, гостите еден по еден започнаа да стануваат и да доаѓаат пред бината со банкноти во рацете. Кога сфати дека допрел до гостите со пораката, тој извади куфер и го постави пред музиката. За само неколку минути куферот беше полн. Собраните средства и ги предал на Ирена, која јавно се заблагодари.

jov 683x420

Галама.мк

Прочитајте и...  Озил и неговата вереница ќе платат операции за 1000 деца од целиот свет
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top