in

СЕКОЈА ЧЕСТ: Овој човек платил сметки за струја на 36 семејства

Кога Мајкл Есмонд ја добил сметката за струја овој месец, тој добил идеја да им „подари посреќен Божиќ со помалку стрес“ на своите соседи.

Есмонд контактирал со градот Галф Бриз, каде што живее, за да праша како да им помогне на сите што доцнеле со плаќање за електрична енергија.

Животот без нешто неопходно му е многу познат на Мајкл. Во осумдесеттите години му било многу тешко.

За време на Божиќ 1983 година, Есмонд и неговите три ќерки морале да го поминат Божиќ без греење и струја затоа што не можеле да си дозволат да ги платат сметките, а таа година била особено студена.

Кога оваа година видел дека сметките треба да ги плати 26-ти, сфатил дека многу луѓе ќе немаат струја за Божиќ, ако не успеат да платат, па решил да дејствува.

Есмонд вели дека цело време размислувал за Божиќ и зимата без греење во 1983 година. Така, Есмонд потрошил 4.600 долари за да им помогне на 36 семејства овој Божиќ.

Прочитајте и...  5 факти за кралицата Елизабета II

Тој вели: „Добив позитивни коментари на Фејсбук и мојот деловен мобилен телефон. Луѓето ми испратија пораки и ми се заблагодарија за тоа што го направив “.

„Почнав да плачам. Навистина да плачам. За некој како него, за ветеран, да дојде и да направи нешто толку посебно. Беше навистина прекрасно “, рече Џоан Оливер, која го надгледува плаќањето на сметките за електрична енергија и вода.

Наместо да добијат предупредување дека нивната електрична енергија ќе биде исклучена, на семејствата им била дадена разгледница со следниот текст: „Чест ни е да ви кажеме дека вашата сметка за струја е платена од Gulf Breeze Pools & Spas“. Може да се опуштите, знаејќи дека имате една сметка помалку која треба да ја платите. Ви ги честитаме на вас и на вашето семејство претстојните празници“.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote