sex

Понеделник – Набрзина

Првиот работен ден од неделата е најтежок. Си дојдовте од работа. Препуштете се на еден брз и страстен секс пред да ручате, бидејќи после ручекот ќе бидете мрзливи. Кујната е совршен дел од домот за оваа кратка, но многу слатка епизода.

Вторник – Акција во дневна

Исто како во средно. Лежите на троседот и гледате филм. При крајот на филмот, легнете преку партнер и почнете да го бакнувате по вратот и рамениците. Тој ќе се препушти на бакнежите и ќе посака да имате секс.

Среда – Антистрес секс

Победете го стресот со еден опуштен секс веднаш после вечерата. Дозволете си една долга еротска масажа пред самиот сексуален чин.

Четврток – Мрзлив секс

Се ближи крајот на работната недела, а вие станувате се помрзеливи. Еве една секс поза за која не треба многу напор, а овозможува големо задоволство. Легнете странично, машкото зад женското и во оваа поза може да пробате неколку интересни потези, бидејќи има третман на многу интимни делови од телото.

Прочитајте и...  Кондоми кои ја менуваат бојата во контакт со сексуално преносливи болести добиваат награда за изум на годината

Петок – Агресивен секс

Најдобриот можен начин да се ослободите од целата негативна енергија која се комулирала во вас во текот на работната недела. Со помош на сексот ќе се чувствувате најдобро на светот. Пречекајте го партнерот уште на врата и наместо да започнете разговр за тоа како кој поминал, бакнете го и уште на врата почнете да го расоблекувате.

Сабота – Утрински секс

По петочното излагање, поминете го пола ден во кревет, започнувајќи го со една незаборавна утринска “гимнастика”. А саботате е и за тоа, ден создаден за одмор и уживање.

Недела – Секс под туш

Искористете го неделното попладне за секс лудории. Имате сила, вчера беше сабота и акумулиравте нова енергија. Предложете му на партнер заедничко уживање под топлиот туш како добра предигра за нештата кои ќе следат.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде