Случувања

Сем Смит стана „тоа“

Британскиот пејач Сем Смит (27) ги замоли своите пријатели и семејството да не го дефинираат родово и да го ословуваат со неутрален тон, нарекувајќи го „тоа“ или „тие“.

Сем, кој јавно зборуваше за својата сексуална ориентација и призна дека е геј, своите блиски ги замоли за ова откако во март годинава призна дека се чувствува родово неутрален.

Прочитајте и...  Луѓето во воз зборувале за неа: Рекле дека е “изоперирана глупачка”, а реакцијата на актерката станала хит

Пејачот дури размислувал и да ги отстрани гениталните органи.

Уметникот, кој во 2016 година освои „оскар“ за најдобра оригинална песна „Writings on the wall“ во филмот за Џејмс Бонд „Спектар“, изјави дека е родово флуиден.

Имам неколку пријатели што се со флуиден пол и тие ме учат за разни работи за кои не знаев досега. Тоа е навистина прекрасно. Во некои денови до израз доаѓа мојата машка страна, а во некои женската, искрен беше пејачот.

View this post on Instagram

Hey.

A post shared by Sam Smith (@samsmith) on

Личноста што се дефинира како родово неутрална, односно родово флуидна, не се чувствува нужно ни како маж ни како жена, туку претпочита луѓето да ја ословуваат со „тоа“ или „тие“.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top